Неменлив збор - категорија

сабар повеќе

Вид збор: Придавка
стрплив
Англиски: patient Турски: sabırlı

саватлија повеќе

Вид збор: Придавка
глеѓосан
Англиски: glazed Турски: savatlı
Примери:
саватлија прстен

саглам повеќе

Вид збор: Придавка
здрав, добар, сигурен, чесен
Англиски: sound Турски: sağlam
Примери:
Со него можеш да правиш зделки, тој е саглам.
квалитетен, добар
Англиски: good Турски: sağlam
Примери:
саглам изработка

сајбер повеќе

Вид збор: Придавка
Дигитален, на интернет - што изразува дека значењето на следниот збор е поврзано со интернет, во дигитална форма.
Англиски: cyber
Примери:
сајбер криминал

самур повеќе

Види и: самур (м.)
Вид збор: Придавка
Кој е од самур.
Англиски: sable
Примери:
Самур-калпак, капа од самур.

самурлија повеќе

Види и: самур (м.)
самурлии
Вид збор: Придавка
Што е од кожа од самур.
Англиски: sable
Примери:
Капа самурлија.

сандаклија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има облик на сандак.
Примери:
Кондури сандаклии.

свечери повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
затемни, стемни
Англиски: darken Албански: errësohet
Примери:
Побрзајте, ќе не свечери во шумава.
(се свечери) се стемни
Англиски: darken Албански: erret

себаплија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој прави добри дела.
Англиски: philanthropic

севдалија повеќе

Вид збор: Придавка
заљубен, љубовен
Англиски: amorous Турски: sevdalı

секси повеќе

Вид збор: Придавка
Што е сексуално привлечен.
Англиски: sexy
Примери:
секси девојка

септември повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Деветтиот месец од календарската година.
Англиски: September Албански: shtator
Примери:
кон крајот на септември

серсем повеќе

Вид збор: Придавка
глупав, тупав
Англиски: stupid Турски: sersem

серт повеќе

Вид збор: Придавка
лут, остар, жесток, строг
Англиски: sharp Турски: sert
Примери:
серт жена

сертлија повеќе

Вид збор: Придавка
серт
Англиски: sharp

сила повеќе

Види и: сила (ж.)
Вид збор: Придавка
одличен, сјаен
Англиски: super
Примери:
сила работа

синџирлија повеќе

Вид збор: Придавка
Што има облик на синџир.
Англиски: chain form Турски: zincirli

скерле повеќе

Вид збор: Придавка
Што е многу несмасен.
Англиски: clumsy
Примери:
скерле човек

сојлија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој е од добар сој.
Англиски: racy
Примери:
Сојлија жена.

сони повеќе

сонат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми се сони) Му се сонило.
Англиски: dream Албански: ëndërroj
Примери:
Му се сонил свети Никола.

среќлија повеќе

Вид збор: Придавка
среќен
Англиски: lucky
Примери:
Среќлија жена.

срмајлија повеќе

Вид збор: Придавка
срмен
Англиски: silvery Турски: sırmalı
Примери:
(нар. поез.) Да донесе клешта бурмајлија, / да извади запче срмајлија.

стрејт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
хетеросексуалец
Англиски: straight

студен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Друго име за месецот ноември.
Англиски: November

сумарум повеќе

Вид збор: Придавка
Само во изразот: сума сумарум.
Латински: summarum

сунѓерлија повеќе

Вид збор: Придавка
сунѓерест
Англиски: spongy
Примери:
потекла ми вода, / вода сунѓерлија

супер повеќе

Вид збор: Придавка
Многу добар, одличен, прекрасен.
Англиски: super
Примери:
Тоа беше супер приредба.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш